Гостиварци од недела ќе почнат со протести и блокади поради проблем со депонијата во Русино

Русино гори со денови.Додека надлежните си префрлаат кој е надлежен, кој не,состојбата на депонијата станува алармантна.Се таложи смет,кој постојано се пали и ја зачадува цела околина.

Депонијата Русино констатно гори веќе со недели.Смрдеата и чадот не се чувствуваат само овде и во околните места, загадениот воздух ги труе и гостиварци.

Почнувајќи од недела гостиварци со секојдневни блокади  ќе бранат повеќе да не се носи отпад во Русино. Постојано ќе дежураат на  патот кој води до депонијата.Порачуваат дека нема повеќе да го трпат игнорирањето на надлежните,кои ништо не преземаат за толку сериозен проблем кој се заканува на здравјето на граѓаните .

-Денеска ќе им најавиме и на ресорното министерство и на општина да имаат време да си најдат нова локација, дека Русно не може да биде, и не отстапуваме, тоа не е депонија, тоа е диво ѓубриште..Блокадите ќе траат додека не се исполнат нашите барања,вели Десо Матески од иницијатива “Стоп Русино”

Гостиварци се жалат дека не се дише, особено во вечерните часови.Бараат итно решение, додека народот велат, не се испоразболе.

Русино со децении се користи како регионална депонија,но без никакви стандарди.Надлежните пак, за сето ова време освен што најавуваа, не реализираа никакво, барем привремено решение.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста