Гостивар меѓу најбрзорастечките региони по бројот на новозаболени од Ковид-19

Коронавирусот забрзано се шири и во гостиварскиот регион.За сериозноста на состојбата денеска алармираа од меѓуопштинскиот кризен штаб на општините Гостивар,Врапчиште и Маврово Ростуше. Бројките нагло се зголемија периодов, кога немаше ден без нови потврдени случаи.

  • Ситуацијата е навистина сериозна..Активни случаи се моментално 193, од кои 145 во Гостивар, 42 во Врапчиште и 6 во Маврово-Ростуше..-изјави Валбон Лимани-Кризен штаб Гостивар. 

Голема е и смртноста на ковид дијагностицираните во овој регион.Најголем проблем е криењето на болеста и лечењето дома на своја рака.

  • Треба сите да бидеме максимално внимателни..Сите кои имаат симптоми да не го кријат тоа, туку да се јават кај своите матични лекари,да може да се реагира на време, да не се доведеме до полоша ситуација..изјави Медат Куртовски-градоначалник на Маврово.

За уште поголем наплив на пациенти се подготвува и гостиварската болница.Деновиве на инфективното одделение биле ставени дополнителни кревети, а се подготвува и мобилна амбуланта која ќе служи за тријажа, односно распределување на пациентите за понатамошен третман.Сепак, и покрај сериозноста на состојбата,засега локалните власти не размислуваат за воведување порестриктивни мерки.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста