Горивата поевтинуваат на полноќ

Регулаторната комисија за енергетика одлучи од вечерва на полноќ повторно да се намалат цените на горивата.
Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметки на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 3.42%.
Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за по 2 денари, па еден литар од овие горива ќе чини 62 односно 64 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 1.50 денари, со што еден литар дизел гориво ќе чини 54.50 денари.