Гори ѓубриштето во Волково, депонијата ја полнат општинските камиони

Втор ден гори Скопје. Овој пат депонијата во Волково. Пристигнавме по дојава од жителите дека ѓубриштето гори. Но не бевме сами. Речиси во исто време стигна и полн камион смет од општината.

Кога не забележаа се предомислија и не го истурија сметот, па стиснаа на гас и избегаа.

За локалните жители не беше изненадување. Велат секојдневно сведочат како се истура ѓубре од општинските камиони. Ветеното расчитување остана на збор, се жалат тие.

Депонијата не само што постојано гори и го загадува воздухот ја загадува и реката Лепенец бидејќи шутот најчесто завршува покрај коритото.

За жал не е само депонијата во Волково. До доцна синоќа гореше и депонијата Вардариште. Граѓаните испратија видеа до Алфа со инсерти од пожарот  кој се проширува и го загадува воздухот веќе неколку дена интезивно. Зошто никој од надлежните не превзема ништо за граѓаните останува нејасно.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста