НАЈНОВИ ВЕСТИ

Гори депонијата во Буково – шест села во околина се гушат во чад

Повторно гори депонијата во Буково која претставува еколошка бомба-посебно во вечерните часови и рано наутро неподнослива миризба и чад се чувствува воодредени делови на градот и охридската околина.Ние жителите од поранешната коселска општина во која гравитираат 6 села,се удавивме од депонијата која тврдам дека постојано гори-вели претседателот на месната заедница од село Куратица.

Јазикот од чад буквално можете да го гледате на социјалните мрежи го споделивме,од Буково до Требеништа и цел Охрид е зафатен.Ево лично го повикувам градоначалникот бидејќи кажува будно ја следи состојбата ево ќе кажам дека не ја следи воопшто и воопшто не се ангажираат бидејќи ние на неколку дена одиме Буково и гледаме што се случува, дека воопшто ништо не се превзема – изјави Горан Ангелоски – претседател на месна заедница Куратица.

Нема никаква активност од надлежните,велат граѓанските активисти –тоа  не натера да побараме судската власт во државава да ја превземе својата улога и да и нареди на извршната власт да си ги спроведува законите во делот на управување со отпадот.Негативните последици ги чувствавме и сега, но тие ќе стануват се’ поголеми се додека станат неподносливи-потенцираат  граѓанските активисти.

Имав прилика на почетокот на овој месец, да ја посетам депонијата во Буково.Она што непријатно ме изненади е што ситуацијата на депонијата е многу полоша на ситуацијата со струшката депонијата. Депонијата во Буково е многу поголема.Многу полошо се менаџира со таа депонија во моментот и за сега сме првично сме во преговори за поведување за слична судска постапка, како за онаа што е поведена за дивата струшка депонија – изјави Глигорие Ќатоски-граѓански активист.

Доколку во најкус можен рок не се дислоцира дивата депонија ,месното население од десетина села од охридско-преспанскиот регион, најавуваат тужби против државните институции, Ј.П.”Охридски Комуналец” и фирмата “Нефи ИК ”задолжена да ја одржува депонијата.Жителите пак од Куратица ќе го блокираат патот кон Буково со цел да ги спречат камионите да трупаат нови количини ѓубре.

Во меѓувреме во јавниста се шпекулира дека Буково с еполни со отпад и од Кичево.Првит човек на Ј.П.”Комуналец “ Љупчо Грданоски,цени дека депонијата Буково некој ја потпалувал во вечерните часови, но тие немале услови да обезбедат 24 часовна чуварска служба, затоа што на депонијата немало струја.

Што се однесува пак на изградбата на регионална депонија за Југозападниот регион,од министерството за животна средина велат постапката била започната,ама за реализација на прокетот Владата чека заем од Еврпската Банка за обнова и развој.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста