Ѓорѓиевски: Со работа создаваме дела, најдоброто допрва доаѓа!
Реализирани се 95 проценти од програмата за време на тригодишниот мандат на градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Во својот отчет за тригодишното работење, Ѓорѓиевски истакна и дека се реконструирани улици во должина од над 59 километри и тоа во сите населби и населени места, но и дека се изградени и обновени над 11 километри фекална канализациска мрежа и 5,5 километри атмосферска канализација, како и 3,6 километри нов водовод.