Гордана Димитриеска Кочоска: Кои струмички компании имале кредити без покритие во Еуростандард банка и како тие се поврзани со власта и зошто НБРМ ги толерирала ваквите кредити?

Пропаѓањето на Еуростандард банката е настан кој што потсетува на оние од 90-тите години. Најцрните години за македонската економија. Слушнавме и за немил настан во Кавадарци во експозитурата на Еуростандард банка, настан кој потсетува на случките со штедилницата ТАТ. Колку и да е банкарскиот сектор во моментов регулиран, повторно останува фактот дека сетоа ова се случува во период на сериозна економска и здравствена криза, нагласува Гордана Димитриеска Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа има неколку прашања до гувернерката Бежоска.

  • Кога адвекватноста на капиталот на Еуростандард банка падна под законскиот минимум.
  • Зошто одлуката за одземање на лиценцата на Еуростандард банка се прави во овој момент и зошто истото не се направи пред избори.
  • Кого штитеше гувернерката во последната година ако се земе предвид дека еден од сопствениците на банката јавно кажува дека овој проблем постои веќе една година.
  • Дали толку време беше потребно избрана група на луѓе и компании да ги повлечат своите средства и да ја прекинат соработката со банката, како што е случајот со министерката за финансии.
  • Гувернерка признава дека нефункционалните кредити се 4,7% од вкупните кредити, од кој цел еден процент отпаѓал на само една банка Еуростандард банка. Значи некој свесно дозволил давање на кредити без покритие, а од вкупните нефункционални кредити де факто над 21% отпаѓа на банка која гувернерката вели дека е незначајна за банкарскиот систем врз основа на тоа што Еуростандард банка со состојба на 30 јуни 2020 година учествува во вкупната актива, вкупните депозити и вкупните кредити на банкарскиот систем, со 1,3%, 1,7% и 1,6%, соодветно.

Кочоска прашува и зошто е толерирано волку мала банка да има толку нефункционални кредити.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста