Горчлив е вкусот на поразот, но уште погорчливо е кога се оди во опозиција – ДУИ продолжува да тагува по изгубената власт

Горчлив е вкусот на поразот, но уште погорчливо е кога се оди во опозиција – ДУИ продолжува да тагува по изгубената власт

Горчлив е вкусот на поразот ама уште погорчливо е кога се оди во опозиција. Интегративците не можат да се помират дека власта им се губи како песок низ прсти, а во борбата од поодамна веќе им снемува адути. Експертите сметаат дека лутењето на ДУИ е очекувано иако пред само четири години за нив беше важно да има 61 пратеник за формирање влада, а сега ја сменија реториката, па играат на картата дека требало да коалицираат победничките партии од македонскиот и албанскиот блок. Ахмети уште повеќе го боли фактот што човекот кој според него „пораснал на млеко и бисквити“, го испрати во опозиција со неколку потези.

Доаѓа предвид синтагмата „Немој да му го правиш на другиот тоа што не сакаш тебе да ти го прават“. Тие го прекршија правилото во 2017, а сега го чувствуваат истото и не можат да се помират со тоа. Мицкоски, го одржа првото ветување – ДУИ во опозиција, еден лидер со „бисквити“ ги пензионираше од политичката кариера. Од тие демократски методи, ништо не му останува на Ахмети. Веќе нема филибастеринг, бојкот? Не знам што би бојкотирале, освен мензата во Парламентот. Протест? Не верувам дека граѓаните би излегле. Има уште повеќе проблеми бидејќи треба да ги задржи коалиционите партнери. Во партиските кулоари се зборува дека неколку пратеника може да преминат во новото мнозинство и тоа уште повеќе им предизвикува главоболка, коментира новинарот и аналитичар Џенур Исени.

Од ДУИ и денеска реагираа – целосниот изборен и демократски легитимитет му припаѓал на Европскиот фронт и „вазалството“ на, како што велат, губитниците ќе пропаднело оди ја немале поддршката од народот.

Болка која не поминува кај ДУИ е тоа што ВМРО-ДПМНЕ реши да коалицира со Коалицијата „Вреди“. Европскиот фронт освои повеќе пратеници од нив, ама земајќи ја предвид шареноликоста на нивната коалиција, не може да се знае колку од гласовите припаднаа на партијата на Ахмети.

Дека ДУИ нема право да се лути, покажува изјавата на Бујар Османи од пред 2020. Тогаш за нив немаше правило кој со кого ќе коалицира.

Но, по само четири години – новоформираната коалиција предводена од ДУИ, Ги смени и името и рувото и правилата. Сега реагираат дека најголемата македонска партија во владината коалиција диктирала кој ќе ги претставува другите заедници. Eвропскиот фронт од фиока го извади Охридскиот Рамковен договор, најави битка и побара масовна поддршка за да се бореле за неговото почитување иако договорот, во суштина, е и повеќе од спроведен.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )