Горан Пандев наскоро потпишува и останува во Џенова и за следната сезона

Горан Пандев ќе остане во Џенова уште една сезона без оглед на статусот што ќе го има екипата од Луиџи Ферерис од есен, а тој е под знак прашање заради актулениот пласман во Калчото. Македонскиот фудбалски капитен сака да биде во форма за последниот круг квалификации во Лига Европа односно дуелите со Косово, и Грузија или Белорусија, а потоа и за очекуваното деби на Европските првенства. Договорот се подготвува и треба да биде потпишан во следните денови.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста