Горан Пандев и Џенова обезбедија опстанок во италијанската серија А

Горан Пандев и Џенова и в година ќе бидат дел од елитата на Италија. Во последното, пресудно коло, Пандев и соиграчите го совладаа Лече со 3-0, а во исто време, нивниот главен ривал за опстанок Лече загуби од Парма со 4-3. Тоа беше и повеќе од доволно за Џенова да остане на 17-тото место, последно кое носи опстанок во Серија А, со 4 бода повеќе од Лече, кој заедно со Бреша и Спал се селат во Серија Б. Јувентус 9-та сезона по ред е шампион и заедно со Интер, Лацио и Аталанта ќе играат во Лигата на шампионите, а Рома и Милан се во Лига Европа. Беневенто и Кротоне се нови прволигаши, а ќе има и плејоф за последното место.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста