ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ НА СЕВЕРОТ НА ИТАЛИЈА: ЕВАКУАЦИЈА ВО МОДЕНА, ПАТНИОТ И ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ПРЕКИН

Обилните врнежи од дожд предизвикаа поплави во северниот дел на Италија и беа причина за црвен аларм во делови на Венето, Фурланија и Болцано. Пожарникарските единици во Венето за само неколку часа направија над 400 итни интервенции. Во Модена, во Реџо Емилија, се излеа реката Панаро поради што беше неопходна евакуација на жителите во некои подрачја, а дел од нив се советувани да се заштитат на погорните спратови на куќите. Во прекин е железничкиот сообраќај меѓу Болцано и преминот Бренер на границата со Австрија, каде, шак, има обилни врнежи од снег.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста