ГОЛЕМИТЕ ЕВРОПСКИ ФУДБАЛСКИ КЛУБОВИ ДЕНЕСКА ОБЈАВУВААТ ФОРМИРАЊЕ НА СУПЕР ЛИГА

Иако за денеска УЕФА планираше објавување на измени во форматот на Лигата на шампионите до тоа нема да дојде затоа што големите екипи од стариот континент побрзаа и дури за вечерва најавија прес конференција на која според повеќе извори ќе соопштат дека ќе формираат своја лига, таканаречена Супер Лига на Европа. Меѓу тие што се во организацијата на овој потфат се Реал Мадрид, Барселона, Јувентус, Интер, Милан, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Арсенал, Челзи, Ливерпул и Тотенхем, со тоа што не е исклучено да има и други. За сега идејата од најпопуларните не ја прифаќаат единствено Баерн Минхен и ПСЖ, и секако УЕФА која загрижена дека ќе загуби најголем дел од средствата од реклами и права за преноси веднаш се закани дека ќе ги суспендира сите од иницијативата од домашните фудбалски шампинати.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста