ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ ЗА СЕХА ПРЕД СТАРТОТ НА НОВАТА СЕЗОНА, ВЕСПРЕМ И МЕШКОВ БРЕСТ САКААТ ДИРЕКТНО ВО ЧЕТВРТФИНАЛЕ

  Пред стартот на новата сезона  СЕХА лигата се соочува со нови проблеми. По формирањето на групите во кои ќе разигруваат Веспрем и Брест Мешков, двете екипи соопштија дека не сакаат да играат во регуларниот дел од сезоната туку да бидат вклучени директно во четвртфиналето. Причина за ваквата одлука на унгарскиот и белорускиот  тим е состојбата со пандемијата со Ковид 19 во Европа и ограничувањата кои ги имаат воведено земјите на овие два тима и начинот на патување. Токму поради оваа причина и доцни и рапоредот и календаро за новата сезона која според првичниот план требаше да започне на 10 овој месец, но сега е можно тоа да биде пролонгирано, доколку се стартува со 8 тима. Земјава и оваа сезона ќе ја преставуваат екипите на   Вардар и Еурофарм Пелистер.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста