Голема победа на европската десница: Соработката на ЕПП и ВМРО-ДПМНЕ може да донесе само бенефит за Македонија

Голема победа на европската десница: Соработката на ЕПП и ВМРО-ДПМНЕ може да донесе само бенефит за Македонија

Победата не европската десница може да донесе само бенефит за Македонија. Фактот што десничарите ќе продолжат да владеат со ЕУ, а сега и кај нас, може да биде само од корист за државава, вели за Алфа универзитетскиот професор Васко Наумовски.

Според него соработката на ВМРО-ДПМНЕ со своите сестрински партии, во минатото и ги донеле најголемите успеси на Македонија во евроинтеграциите. Оптимист е дека сега може да има нова енергија околу проширувањето на Европската Унија. 

-Доколку направиме една анализа во изминатите 20-тина години, ќе видиме дека секогаш кога на власт во државата била ВМРО-ДПМНЕ, се правеле покрупни чекори во поглед на европската интеграција. Така беше и со склучувањето на спогодбата за стабилизација и асоцијација, така беше и со визната либерализација, позитивните извештаји, дијалогот на високо политичко ниво. Овој пат кога ќе имаме политички и идеолошки сродни партии и во Владата на Македонија и во Европската Комисија, ќе можеме да имаме еден дополнителен вид на соработка и нов ентузијазам во процесот на проширување, изјави Наумовски.

Jасно е дека на предлог на Европската народна партија, претседател на Европската комисија останува Урсула Фон Дер Лајен. Наумовски вели ќе се направи еден вид широка коалиција меѓу победниците кои добија 186 пратенички места, Социјалистите и социјалдемократите кои добија 133 и Либералите кои добија 82.

-Видливо е дека повторно ќе се воспостави една т.н. широка коалиција помеѓу партиите на Европската народна партија, социјалистите и демократите, како и либералите во Европскиот парламент. Што значи дека овие три структури ќе имаат едно ќе имаат едно стабилно мнозинство од преку 400 пратеници во Европскиот парламент, што ќе им овозможи да ја формираат и идната Европска комисија. Како и во минатиот состав сосема веројатно е дека претседателот на Европската комисија ќе дојде на предлог на Европската народна партија, изјави Наумовски.

Убедлива победа десницата однесе во Италија. Партијата на премиерката Џорџа Мелони Браќа на Италија. Освои најмногу гласови. Крајната десница победи во Австија, а крајно десничарската партија на Герт Вилдерс е на второ место во Холандија. Во унгарија на тронот останува Виктор Орбан и неговата Фидес. 

Цената од овие избори најскапо ја плати францускиот претседател Емануел Макрон, кој доживеа катастрофален пораз од крајната десница на Марин Ле Пен. Поради тоа реши да го распушти Парламентот и да распише парламентарни избори. Првиот круг ќе биде на 30-ти јуни, а вториот на седми јули. Тежок пораз доживеаја и германските социјалдемократи на канцеларот Олаф Шолц. Тие сега се трета политичка сила во Германија.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста