Голема фреквенција на патарините кон Скопје, нема застој и долги колони

По 80 часовниот карантин, Скопјани се вратија дома, без застој и долги колони. Утринава камерата на Алфа забележа голема фреквенција на патарините, но ја немаше онаа слика од четвртокот каде имаше километарски редици на патарините. Денеска работеа сите рампи на патарината.

Редици од автомобили да, но без голема гужва, беше главната слика рано утрово овде на автопатот Скопје–Тетово на последната патарина, каде граѓаните кои викендов заминаа во внатрешноста се вратија дома.

Дел од граѓаните кои беа расположени за коментар велат дека максимално го искористиле продолжениот викенд. Ги почитувале мерките, и добар дел од нив останале дома.

– Излеговме малку, имаме куќа во Охрид, и добро ни дојде, ги почитуваме мерките секако, носиме маски и ракавици и не излегуваме многу, велат анкетираните пред камерата на Алфа.

Но имаше и такви граѓани кои не беа расположени за коментар. Ако се суди според денешната слика од патарините, очигледно е дека добар дел од граѓаните решиле и денеска да останат во излетничките места.

Инаку, околу 20.000 возила во четвртокот до 19 часот излегле од Скопје. Најфреквентно било на автопатот Скопје–Тетово. Граѓаните побрзаа да заминат, и ги наполнија капацитетите во Охрид, Струга и Маврово.

Голем дел од граѓаните, пак, стравуваа оти со ваквиот владин чекор, ќе се прошири вирусот, а одлука ќе се покажела како непродуктивна.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста