Голем скандал: Пет години во возило на македонската полиција стоела скриена дрога

Полициско возило пет години возело дрога, барем вакво е оправдувањето од МВР, откако на границата меѓу Црна Гора и Албанија биле пронајдени наркотици во возило на Министерството за внатрешни работи. Возилото кое македонската полиција го користела, го добила од Агенцијата за одземен имот, а истото до Царинската управа било запленето во 2016-та година при акција за сузбивање трговија со дрога. Од црногорското МВР информираат дека заплениле дрога и спречиле шверц при контрола на автомобил со регитарски таблички од Македонија.

-Службеници во царинската испостава Сукобин, во координација со Полициската управа, при контрола на патничкото моторно возило, пронашле поголема количина на растителна материја за која постои основано сомнение дека се работи за наркотици. Возилото со регистарски таблички на Република Македонија се движело од правец од Албанија кон Црна Гора, а супстанцата, спакувана во неколку поединечни пакувања, била пронајдена во скриен бункер на возило наменето за криумчарење, се наведува во соопштението.

Она што можеби во целиот овој случај е поскандалозно е што барем според македонското МВР, вработените воопшто не ни знаеле, дека возат автомобил, во кој пет години имало дрога. А за целиот овој случај ќе постапувало и Обвинителството.

-Вработените во МВР немаат никаква врска со дрогата, туку таа била скриена во автомобилот, односно останала од 2016 година кога ова возило било запленето во акција на Царинската управа, а потоа дадено на Агенцијата за управување со одземен имот, од каде што пак е отстапено на МВР. Вработените во МВР немаат никаква поврзаност со дрогата и тоа го потврдило и албанското јавно обвинителство и тие се веќе вратени во Скопје, информираат МВР.

Овој скандал предизвика бура реакции на социјалните мрежи. Граѓаните може да се каже со неверување ја прифатија информацијата дека пет години во возило на полицијата имало дрога, а тоа никој не го знаел.

-Некој ќе си шверца дрога и ќе си спие на пари, некој ќе си рмба за 15 иљадарки. Живот.

-Мвр шверца дрога. Мвр продава пасоши на криминалци. Добре дојдовте во Македонија, земјата на криминал, мафија и шверц на државно ниво, парализирана држава.

Во минатото:

– Пази внучко ставаат дрога во пијачката.

Денес:

– Пази внучко кога купуваш кола ставаат дрога во неа.

Од опозицијата реагираат дека ова докажува дека јасна е спрегата меѓу власта и криминалците. Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски вели дека тоа го докажува сите претходни скандали, потенцирајќи го оној со македонските пасоши кои ги добија светски познато нарко босови и криминалци. Дополнително и случајот со заплена на марихуиана на Плетвар во кој беше вмешан началник на полициската стануица во Прилеп и шоферот на братучедот на премиерот Трајче Заев.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста