Голем протест на ВМРО-ДПМНЕ денеска во 18:30 часот

Денеска во 18:30 часот ВМРО-ДПМНЕ организира и повикува на голем граѓански протест против неправдите, реваншизмот и политичкото насилство.

Збирното место ќе биде пред министерството за правда, потоа се продолжува по улица Македонија, плоштадот, до Основното јавно обвинителсто.

-Мафија на власт, колку повеќе тоне во својот криминал и корупција, толку повеќе удира по својот народ и политичките неистомисленици. Оваа власт во недостаток на успеси и во услови на секојдневни порази на секое поле, сѐ повеќе се врти кон политички прогон и застрашување. Министерот за неправда наместо да прави реформи, јавно се заканува и им прејудицира казни на сите кои не мислат како Заев. Тоа е таа Заев-неправда по рецептот јавно да се најавуваат пресудите и од страна на Заев и од страна на министер за правда и од страна на обвинители и судии. Мафијата работи по принципот, МАФИЈА ТЕ ТУЖИ,МАФИЈА ТЕ СУДИ, се вели во дел од повикот на ВМРО-ДПМНЕ до граѓаните.

https://fb.me/e/3zzVDh61A
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста