НАЈНОВИ ВЕСТИ

Голем протест на државната администрација во петок

Голем протест на државната администрација во петок

Повисоките функционерски плати и немањето обзир за работниците ги обедини синдикатите. Растечкото незадоволство во јавната администрација ја прели чашата. Откако од УПОЗ вчера го најавија масовниот протест во петок, денес, од судската администрација потврдуваат. Пред Собранието ќе се соберат вработените од сите судови низ државата.

  • „Преголем е одливот на вработени од судовите кои даваат откази. Апелираме уште еднаш да не се донесе буџетот без покачување на платите на судските службеници, да ни се вратат 0.8%, редовно исплаќање на додатоците на плата и воедно, да најавиме досега најголем протест за овие 8 месеци, во петок.“ – Изјави Јасмина Величкова од синдикатот на судска администрација.

Тие заеднички, со колегите од јавните обвинителства, судската полиција, правобранителството, вработените кај народниот правобранител, како и стручните служби од фондот за здравствено осигурување на власта преку протест ќе укажат за погрешното менаџириње со народните пари, постојаниот одлив на кадри од институциите и тоа што еден работи како за 5, а со минимална плата.

  • „Не само што ќе го искажеме нашето нзадоволство, туку овој револт постои не само во судскиот систем. Овој револт постои во другите сектори. Од овде ги повикувам нашите членови масовно во петок да се приклучат во петок на протест. Оние кои се колебаат, нека се одважат. Да не се гружат дека некој нешто ќе им наштети. Туку да дојдат во петок.“ – Порача Горан Ристески од синдикатот на државна администрација.

Судската администрација истрајна. Како предводник на протестите и незадоволството во јавните служби, 7 месеци без колебање, на студ и на дожд, не се откажуваат во намерата да ја натераат владата да ги почитува законите и во буџетот за идната година конечно да ги одвојат средствата кои му следуваат на правосудниот систем.

  • „Правосудството како столб на државата е многу важен за општеството. Судските службеници го сочинуваат тој столб на државата. Треба адекватно да бидат наградени. Платите во правосудството се многу мали, ниски. Во четири години само едно зголемување имаше“ – Истакна Драган Јосески од синдикатот на правосудство.

Со новиот предлог буџет, очигледно е дека владата нема намера да ги испочитува законите кои самата ги предлага до собранието и да одвои пари за третата власт. Покрај тоа што се соочува со критики, дека со ниски плати, против криминалот и корупцијата се бори само декларативно, со немањето слух за барањата на синдикатите, ризикува генерален штрајк како во правосудството, така и во фондот за здравствто. Клучни сектори кои може целосно да го парализираат државниот систем.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста