Голем пожар во Штип – се поплоса стара зграда во центарот на градот

Десетина семејства останаа на улица откако утринава пожар ја зафати  старата зграда во центарот на Штип. Се уште во шок пред камерата на Алфа раскажуваат како од пламените јазици успеале да  спасат живаглава . Густа чад и мирис ги разбудило од сон. Избезумени почнале да трчаат кон влезната врата.

„ Снаата плакајки со трите деца трча накај мене . Ја прашав што се случува , ми вели мајко синот внатре ќе ти изгоре . На спање не фати . Одеднаш чур, задимено .Најверојатно огнот почнал да се шири од подрумските простории. На спање не фати. Одвај ги извадив сопругата и децата„-велат станарите.

Со три цистерни, цело утро штипските пожарникари се бореа со пламенот спречувајки го да не се прошири и на околните куќ. Целосно се пеплосани подрумските простории и првиот спрат од старата зграда..  

   „Левото крило не е зафатено ,само долните простории.Имаше доста ѓубре па пожарникарите тешко можеа да интервенират внатре„-изјави Тони Атанасов  командирот на штипската противпожарна служба.

Во старата зграда преку  ЈП за станбен и деловен простор  сместени  се само двајца возрасни и осум деца, останатите станари  се дивонаселени..

 „ На црно сме вселени тука,отти државата не мисли на нас. ИМавме дива градба ни ја бутнаа . Се сместивме во диспанзерот изгоревме. И немаше каде да одиме , па моравме на диво дда се вселиме овде.  сега не знам каде ќе одеме.Ова е се што ми осстана. Успеав да спасам само нешто од алиштата на децата. Човекот ми даде тренерки-коментираат станарите на старата зграда позната уште како Старото забавиште…

Надлежните информираат дека во текот на денот ќе се барат привремени сместувања , каде што ќе можат да се сместат станарите на Старото забавиште. Инаку оваа не е прв пожар во оваа зграда, пред неколку години беше запалена кровната конструкција.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста