Голем интерес за учество на локалните избори на истокот на Македонија

Лозово и Каменица со најмногу  кандидатури за градоначалници дури по пет, а во Штип на избори повторно ќе трча штипјанецот од Нигерија Симеон Поликарп-познат како Џими. До сега до општинските изборни комисии  во источниот регион пристигнати се над шеесет листи за советници и околу четириесет за градоначалници.

 Рокот за доставување на кандидатурите е завршен , а во наредниот период ќе се обработува документацијата.

  • „Ги чекаме информациите од надлежните судови. Законот е јасен. Треба да има постојано живеалиште во општината во која се кандидира. Ние имаме лица родени надвор од општина штип ,а имат постојано живелиште во Штип . надлежни за издавање на уверенија од казнена евиденција се другите судови и затоа се уште ги чекаме потребните документи. Вечер на полноќ треба да пристигнат документите, по што ќе знаеме дали на лицата им е потврдена кандидатурата или ќе бидат одбиени„-изјави Виктор Вацев, претседател на ОИК Штип.

До општинските изборни комисии во Штип, Берово, Радовиш има по четири кандидатури за градоначалници. Во Каменица има тројца независни кандидати, а во Лозово дури осум листи за советници. И во Конче советничките места се атрактивни. Иако е мала општина, глас во советот бараат дури шест листи од различни партии. 

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста