Гол популизам на СДСМ пред избори: Со закони си го намалуваат платите ама не 80-те проценти

Гол популизам на СДСМ пред избори: Со закони си го намалуваат платите ама не 80-те проценти

Кристина Алексиеска

Предизборен популизам со откажување од ситното но  „ дебелите “ плати остануваат на сигурно. Функционерите ќе се откажеле од покачувањето кое требаше да го добијат во март. Со месеци на конто им се нижат илјадници, а на помалку од два месеци до избори им текна да поднесат предлог за измени на неколку закони до Собранието со кои нема да добијат од 300-500 евра повисока плата со усогласувањето од април. СДСМ веројатно чекаше нивниот претседател да стане од премиерското столче за да ги поднесат предлозите со кои сепак нема да си скратат од уживањето на плати над 2000 евра , туку само нема да имаат покачување. Се правдаат оти ова било единствено уставно решение.

Со измените на законите постоечките коефициенти на плати се намалуваат по што платите на сите избрани и именувани функционери нема да пораснат. Така е направено да нема драстично зголемување бидејќи пред неколку дена Државниот завод за статистика излезе со пресметки за просечната плата во државата и ова ќе значи енормно зголемување од 15,3%. Ние како одговорни политичари од СДСМ тоа нема да го дозволиме“ – додаде Костовски.

Од мај минатата година кога за прв пат на сметка им „легна“ покачената плата  за 78 отсто слушавме разни ветувања дека ќе ја намалат, но ништо не видовме на дело. Прво  се чекаше методологија за пресметка на плати во јавен сектор, после како изговор се користеше работната група, за на крај да се сетат дека намалување на платите не било така едноставно, потребни ќе биле седум законски измени.

Најмногу плата додека беше во спикерското столче земаше Талат Џафери, околу 166 илјади денари, што значи дека до пред да седне во премиерска фотелја заработил за девет месеци над еден милион и 400 илјади (1.494.900) денари или над 24 илјади евра.Поранешниот премиер пак  за девет месеци земал 1.404.000 или над 23 илјади евра, а шефот на државата за овие 10 месеци заработил 1.650.000 или над 27 илјади евра.

Покачувањето дојде откако Уставниот суд ја симна фиксната основица, па пораснаа платите на вкупно 1.260 функционери.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста