Ѓоковиќ убедливо пред Надал на АТП, скок на Циципас и Шварцман

Како утеха за Новак Ѓоковиќ по тешкиот пораз од Рафа Надал во финалето на Ролан Гарос е зголемената бодовна разлика во однос на Шпанецот од 1890 бода. Српскиот ас ја почна 290-тата недела на врвот на АТП, и му фалат уште 20 седмици за да го симне од тронот легендарниот Федерер. На најново рангирање, по Ѓоковиќ и Надал, Тим останува на третата позиција пред Федерер, и Циципас, кој се проби на петтото место. Медведев падна на шестото, Зверев остана на седмото, а Шварцман за прв пат во кариерата се искачи на осмото место. ТОП 10 листата ја комлетираат Беретини и Рублев. Кај дамите без промени на врвот, Барти пред Халеп и Осака.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста