ЃОКОВИЌ ГО ОСВОИ РИМ ЗА РЕКОРДНА 36. МАСТЕРС ТИТУЛА

Новак Ѓоковиќ го совлада Диего Шварцман за петта титула на Мастерс турнирот во Рим.Иако Србинот лошо го отвори мечот, Аргентинецот поведе со 3-0 во гемови, сепак експресно се врати во игра и со 7-5 го затвори првиот сет. Во вториот, Ѓоковиќ лесно дојде до 5-3 и три меч топки, пропушти две, но на третата максимално го исцрпи противникот и за нешто помалку од два часа дојде до 36тата Мастерс титула во кариерата. Сега тој е на врвот кога во прашање се Мастерс трофеите, со еден повеќе од Рафа Надал. Во женска конкуренција, Симона Халеп се искачи на тронот во Рим откако бранителката на титулата, Каролина Плишкова се предаде поради повреда во грбот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста