Ѓоковиќ ги почна подоготовките за турнирите во Америка

Најдобриот светски рекет веќе е во Њујорк, ја почувствува подлогата на „Артур Еш“, каде ќе атакува на четврта грен слем титула на американско тло.

Новак Ѓоковиќ прво ќе настапи на Синсинати Мастерсот кој започнува од четврток, во двојки со Филип Крајиновиќ и во поединечна конкуренција, но од второто коло како носител на турнирот.

Ова треба да му биде загревање за ОП на САД кое почнува на 31 август. Србинот има широко отворен пат до 18-тата грен слем тутула, со оглед дека Надал нема да го брани тронот, а Федерер и натаму е на рехабилитација.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста