Годинава сепак ќе може да се оди на море, но под посебни услови

Одмор на море под посебни услови. Македонците и годинава ќе може да летуваат во соседството, дознава Алфа. Протоколите за непречен транспорт на туристи допрва ќе се подготвуваат, а ќе треба да бидат унифицирани за сите земји во регионот. Се поизвесно е дека државен карантин по враќањето во земјава нема да има, но се уште не се знае како ќе се одвива процесот на тестирање. Дали земјите ќе бараат задолжителен доказ оти лицата се тестирале пред да излезат од Македонија? Дали тестови ќе се прават само еднаш, или пак за туристите кои доаѓаат од земји со слична епидемиолошка слика тестирање нема да биде потребно? Овие дилеми допрва ќе треба да се разјаснуваат.

Докторите оптимисти – плажите и морето се безбедни за туристите, оти сонцето позитивно влијае на имунитетот. Според вирусологот доктор Пановски, поопасно од самиот престој на плажа е транспортот кој ќе се користи за да се стигне до туристичките места.

„Одењето на море дури е и поволно. Знаеме дека температурите на песокот и камењата се искачуваат и до 50-60 степени.. Препорачливо е да сее одржива физичката дистанца, но не е задолжително.. Се додека нема собирање по рестораните и кафулињата нема да биде проблем.. Вирусот не се пренесува преку вода, а витаминот Д кој го собира кожата на плажите, позитивно делува на имунитетот“, вели доктор Пановски.

Грција, како најатрактивна дестинација за летување на Македонците, денеска ги отвори плажите за домашните туристи. Странците кои ќе сакаат да летуваат кај јужниот сосед, ќе треба да почекаат до 1ви јули, кога и официјално ќе се отворат границите. Тамошните власти веќе најавија – одењето на плажа ќе биде ограничено на 40тина капачи на 1000м2. Забрана ќе има за седење по кафулињата и рестораните долж плажите, а нема да се пушта ниту музика од локалите. Оние кои ќе сакаат да се освежат со пијалок ќе може да земат само преку шалтерски систем на послужување.

Протоколот за престојната летна сеезона, вчера во Атина го договараа министерот за здравство Венко Филипче и неговиот грчкиот колега. Следна средба двете страни најавија за една седмица.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста