Го ризикуваат животот – минуваат преку разнишан мост за да не кружат 30 километри

Главниот регионален мост на река Брегалница во Карбинци се уште забранет за движење, ама забраната тешко кој ја почитува. Апелите не помагаат, а шоферите да не заобиколуваат по триесетина километри на своја рака со возилата преминуваат и врз купот песок поставен како импровизирана барикада. Од тежината мостот се повеќе попушта, а граѓаните што живеат во негова близина велат дека нема да ги изненади ако некое утро дел од мостот се сруши.

Поарно заобиколи, може да пропаднеш. Целиот мост се тресе. Јас не знам како не им страв. Ако помине некое потешко возило целиот вибрира. Може да пропадне долу во реката. За да стигнеме до општината треба да заобиколуваме. Во двата правци би било  околу триесетина километри„-велат жители на с. Долни Балван. 

Мостот е главна артерија  и ги поврзува селата Долни Балван и Таринци. Првичните проценки покажуваат дека минатиот месец поради надојдената Брегалница попуштил околу дваесетина сантиметри, а на средина веќе е направена вдлабнатина од попуштањето на главните носачи. Од Министерството за животна средина е добиено дозвола за пренасочување на речното корито за да се направи увид и изготви проект за негова санација..

  „Целата процедура според моја проценка би требало да се заврши за месец дена за да имаме готов проект за санација на мостот за да постапиме по истиот. Тогаш ќе знаеме колку би не чинела неговата санација и каде би можеле да бараме средства изјави Виктор Паунов, Градоначалник на Карбинци

Мостот кој попушти од надојдената Брегалница е реконструиран пред пет години и неговата санација тогаш чинеше околу 9 милиони денари.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста