Главната медицинска сестра на Инфективна клиника и две нејзини колешки си дадоа отказ, дали Филипче ќе ги предомисли?

Главната сестра на Инфективна клиника во Скопје и две нејзини колешки си поднеле отказ од работното место за што протече документ со барање за отказ на социјалните мрежи. Во документот од 21 септември, таа поднела барање до управата да се прифати нејзиното отказно решение со образложение дека е деградирана како медицинска сестра.

„Барам да ми го прифатите отказот од работа, со претходна најава од еден месец,  во кој период ќе го користам годишниот одмор од 2019 и 2020 година. Причините да ја напуштам клиниката по 28 години професионална работа се многубројни, но би навела само една: Непочитување и деградирање на профилот медицинска сестра, како една од најважната алка во медицинскиот тим – се наведува во документот испратен до управата на клиниката.

Другите две медицински сестри, една од одделот на ургентна инфектологија, другата од одделот за неуроинфекции, вчера доставиле барање за отказ, и во него го навеле речиси истото образложение. 

Трите сестри работат на Инфективната Клиника, една од двте здравствени установи кои го носат главниот товар од пандемијата на корона вирусот.

Министерот за здравство, Венко Филипче, преку фејсбук утрината информираше дека разговарал со трите сестри да не ја напуштат клиниката. . Сепак, конечната одлука – дали ќе останата на работното место, главната медицинска сестра и двете нејзини колешки ќе ја донесат по завршувањето на годишниот одмор, што го користат од денеска..

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста