Гласен текстилец: Владата продава магла со недела како неработен ден

Недела за неработен ден , не го инициравме за едно вакво законско решение, туку за вистински неработен ден„-ова е ставот на штипското здружение Гласен текстилец, откако вчера власта најави дека од 1ви октомври недела станува неработна. За штипските борци за работнички права  новиот закон е само продавање на магла. Поради тоа што нема автентично толкување кои дополнителни дејности ќе бидат иземени од законот.

    „Ова што сега се продава и од страна на ССМ како социјален партнер, сметам дека е само продавање на магла . Недела не е неработен ден, ќе биде работен и тоа за многу дејности. Допоолнително нема автентично толкување кои се тие помошно-придружни дејности, може да произлезат уште 100 од нив. Ова всушност ќе биде легално прекршување на работничките права во име на профитот„- изјави Кристина Ампева од Здружението Гласен текстилец

Понудениот закон во ваква форма не нуди никаква заштита на работниците и истиот ќе го оспорат, категорични се од Гласен текстилец. Посочуваат дека во приватниот сектор нема евиденција за работно време и голем дел од работодавачите не ја исплаќаат прекувременета работа и работата за празници. Според истражувањата македонскиот работник има најдолго работно време

  „Ако имаме најдолго работно време зошто имаме толку ниски плати, зошто на работниците не им се исплаќа по три месеци плата , зошто има злоупотреба на дравни средства ?На кој останува повторно да внимава на недела неработен ден дали ќе се почитува , дали ќе се еидентира или на работникот ќе му биде даден слободен ден. Вчера кога го видов насловот „Се остварува сонот, недела станува неработен ден „ мислам тоа е класична манипулација со работниците-изјави Ампева

Според законот работодавачите кои ќе го прекршат законот , ќе им се забрани работа од 15дена , доколку го повтори истиот прекршок во рок од една година, забраната за работа ќе биде 30дена. Дозволено ќе биде да работат продавници, трговски центри, како и зелените пазари. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста