„Гласен текстилец“ предупредува – субвенции на минималната плата ќе ја врати исплатата во плико

Со предлог законот за изменување на Законот за минимална плата не се нудат системски решенија, туку само се маскира состојбата, остро реагираат од Гласен текстилец. Категорични се дека со членовите 1 и 2 од предлог законот, зголемувањето на минималната плата ќе зависи само од економско-социјалниот совет.Бараат во преговорите да бидат вклучени и експерти, а истовремено јасно да се дефинира сумата, а не процент како што е сега.

  „Дали ова значи дека усогласувањето и покачувањето на минималната плата ќе зависи од трипартитниот дијалог што се води изминатиот период . Дали значи дека  зголемувањето на платата ќе зависи од Синдикатот, Организација на работодавачи и Влада треба да има позитивен одговор од сите , па ние да имаме покачување на минимална плата„-реагира Кристина Ампева, од Гласен текстилец.

Покачувањето на минималната плата без реални решенија би можело повторно на мала врата да ја врати платата во плик, објаснува Ампева. Категорична е дека ново субвенционирање на приватниот сектор со државни пари,  не смее да има.

    „Тоа го увидовме како проблем  и во 2017кога имаше субвенционирање во тогашната минимална плата , видовме дека беа злоупотребени државните пари . Истото го видовме и во сетовите на мерки за помош во корона кризата кога државниот буџет повторно беше злоупотребен. Државниот буџет е народен, ние таму плаќаме придонеси и даноци.Не може да се делат пари на фирми кои ги злоупотребуваат ие пари. Тоа не е решение! Не е долгорочно,тоа е само маска!-изјави Ампева од Гласен текстилец.

Како позитивен пример ја посочија Црна Гора каде минатиот месец минималната плата е покачена на 750евра, а тамошната влада се откажа од здравствените придонеси.Од Гласен текстилец реагираат и на мерката за ослободување од даноци на ИТ секторот.Велат невозможно е најбогатата индустрија да биде ослободена од оданочување, кога имаме конкретни индустриски гранки на кои им треба сериозна помош. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста