Ѓорческа ја победи српската надеж Сретеновиќ

Две победи по два одиграни натпревари е билансот на нашиот број еден женски рекет на егзибицискиот Источно-европски шампионат во Белград. Лина Ѓорческа во два сета ја надигра и српската надеж, 15-годишната Тијана Сретеновиќ. Србинката иако даде силен отпор, сепак пресуди квалитетот и искуството на Ѓорческа за 7-5 во првиот, и 6-4 во второит сет. Утре, Лина за противник ја има турчинката Чемре Анил, а потоа во последниот меч ќе се сретне со Бугарката Викторија Томова, главната фаворитка за врвот во нашата група.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста