Гир: Треба да има ограничена употреба на брзи постапки за носење на закони

Законот за учебници во фокусот на јавноста откако министерката Царовска реши да ги спроведува образовните реформи иако консензус нема. Родители, наставници и речиси целата научно-образовна фела најде забелешки на дигитализацијата на учебниците. Но, она што дополнително го забележува јавноста е тоа што законот во Собранието ќе пристигне со европско знаменце. За употребата на европското знаменце, Алфа побара став и од евроамбасадорот во Македонија, Дејвид Гир. Toj вели дека нема да ја коментира ваквата одлука на властите, но сепак предупреди на дефектите што ги носи носењето на закони по брза постапка.

„Како што е наведено во последниот Извештај за С. Македонија, треба да има ограничена употреба на брзи постапки за да се обезбеди соодветно учество на релевантните засегнати страни во законодавните процеси и демократските дебати“ – вели Дејвид Гир за Алфа.

Дигитализацијата на учебниците, не е единствената точка во која се судираат ставовите на професорите и министерката Царовска.  Не помал отпор од страна на науката, има и за спојувањето на историјата со општествените науки. Историчарите сметаат дека образовните реформи се резултат на наметнатите условувања, кои произлегуваат од политичките договори и меѓудржавни комисиски договарања. Наместо тоа, тие се на став, дека за квалитетни образовни реформи, неопходна е научна  дебата.

„Колку и да се претставуваат реформите како неминовни во образовнит процес, останува неспорниот факт дека истите се носат со несвојствено избрзана динамика, со инстант рокови за изготвување на наставни програми, со што резултира со крајно неразумен едномесечен период за изработка на учебниците за четтврто одделение во основното образование“-рече Митко Панов-историчар.

Начинот на кој што министерката царовска се постави кон реформите во образованието, за професорите не е формула за спроведување на успешни реформи, кои треба да донесат современо и квалитетно образованието.. Се што прави Царовска, за нив е само исполнување на однапред зацртани цели, со ад хок  решенија.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста