Ги забетонираа, па ги ослободија дрвјата на кеј по јавните реакции

Прво ги забетонираа, па по бурните реакции ги раскопаа, а сега пак ги замаскираа со земја околу корените. Дрвјата на кејот „13 Ноември“ во центарот на Скопје, преку ноќ беа „спасувани“, со хилта, поради неодговорноста на градските власти. Работниците имаа обврска целосно да ги ослободат дрвата од бетонот и околу корените да дополнат со земја.

Од видеата кои се појавија на социјалните мрежи може да се види дека поради брзата реакција дрвата повторно се враќаа во првобитната положба за да можат да растат.

Бетонирањето на дрвјата предизвика остри реакции меѓу граѓаните и активисти за заштита на зеленилото, кои побараа од градоначалникот Петре Шилегов да го провери работењето на изведувачот и односот кон дрвјата.

  • Ваквите работи не престануваат да ме изненадуваат. Ова докажува дека луѓето кои што го работеле тоа не се разбираат во тоа што го прават. Едноставно, не може вие да бетонирате дрвја, зашто градските власти долго време ветуваат дека ќе се одбетонираат и ќе се ослободат во градот. Така што мислам дека треба да се пристапи кон зеленилото во Скопје, кое што го имаме во се помал број, и наместо правилно да се одгледува, да не го уништуваме, како што го уништуваме баш сега, вели за Алфа еко активистот Горјан Јовановски.

Социјалните мрежи буквално зовреа откако Градот Скопје ги бетонираше корените на дрвјата.

Денеска сликата на терен беше како ништо да не се случило, работниците си ја бркаа работата, и го поплочуваа останатиот дел од теренот.

Инаку, реконструкција на кејот од мостот „Слобода“ кај „Холидеј Ин“ до Камениот мост чини 1,5 милиони евра, средства обезбедени од на Град Скопје. На новиот кеј ќе биде ослободено повеќе место за велосипедистите и пешаците преку целосно спречување за нелегално паркирање на и ограничување на протокот на возила.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста