Ги штелува ли власта дневните билтени на Ковид 19? Јавноста реагира, надлежните се правдаат

Ги штелува ли власта дневните билтени на ново заразани и починати од Ковид 19? Ваква дилема се јавува откако се почесто смртните случаи се евидентираат со неколкудневно задоцнување. Последен таков пример е смртта на пензиониран доктор од Кавадарци, за кои локалните медиуми уште во неделата јавија оти починал поради компликации од вирусот, но тој досега не беше впишан во дневните статистики. Од Министерството за здравство се правдаат – починатиот доктор вчера бил пријавен од епидемиолошката служба во Кавадарци и ќе бил евидентиран денес. Од здравство велат оти бројките се транспарентни уште од стартот на кризата.

„Од почетокот на пандемијата Министерството за здравство точно, отворено, транспарентно и навремено ја информира јавноста за дневната ковид статистика“, велат од Министерството.

Неодмна јавноста реагираше бурно оти надлежните со денови не објавуваа за смртта на двајца браќа од Кавадарци на 20-годишна возраст кои починаа поради компликации од Ковид 19. Помладиот брат беше заведен во билтенот три дена откако ја изгубил битката со вирусот, но не и постариот. Тогаш надлежните за него објаснуваа оти тој бил дијагностициран само со брз тест, па затоа не се водел како починат од Ковид 19.

Биљана Божиновска

Advertisements