Ги лови ли државата вистинските загадувачи

Град Скопје казнува граѓани кои палат оган на отворено најчесто за да се загреат во студените зимски денови, а невладините алармираат на увезување опасен отпад во државава. Од тука се поставува прашањето дали мерките на власта за справување со смогот во кој се гушат граѓаните се во вистински правец?!

И додека властите удираат врз џебот на оние кои палат огнови на отворено.. во јавноста излегоа фотографии кои отвораат сомнеж- Што е тоа што всушност ги труе скопјани?

Последиците од ваквите високи загадувања ќе бидат долгорочно видливи, ќе ги евидентираме и после 20, 30, 40 години, алармираат од невладината О2, и обвинуваат на увезување отпад од другите држави.

„Покрај Усје кој гори отпад од Италија, Фени (Еуроникел Индустри) гори увезени гуми. Согорување на ваков отпад во Усје е како да имате инсенератор на Дрисла сред град. При горење на отпад се ослободуваат канцерогени, мутагени, токсични диоксини, фурани, PCBs, тешки метали како жива, кадмиум, олово, арсен, хром,.. ацидни гасови и др. Дополнително, немањето на анализи на овој отпад остава можност за присуство и на други опасни супстанци“, вели Чакулев од невладината.

Инспекциските надзорници пак уверуваат дека на територијата на која веќе е извршена контрола не е најден никаков погон за палење ѓубриво.

До сега немаме откриено таков погон, немаме ни претставки од граѓани за сомнение дека постои таков погон упатувам апел слободно да пријават“, “изјави директорот на градски инспекторат Мирослав Богдановски.

Како последна најавена мерка е продавањето на пластични кеси за повеќе од 10 денари. Во меѓувреме таканаречената Зелена револуција најави уште еден протест за утре на кој најверојатно ќе се приклучат и средношколците.

Симона Србиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста