Германски „Дермалог“ ќе ги набавува терминалите за отпечатоци на прсти за локалните избори

Германската компанија „Дермалог“ ќе ја обезбеди опремата за локалните изборите со отпечаток на прст. Во конкуренција од четири компании кои се пријавиле на јавниот оглас, германската компанија ги исполнила сите услови, кои биле побарани. Претседателот на ДИК Александар Даштевски уверува дека во законскиот рок од 60 дена, доколку нема поднесено жалби за изборот на компанијата, целиот процес на испорака на апаратите ќе биде завршена до септември, односно до распишувањето на изборите без да бидат пробиени роковите. Првично во земјава ќе стигнат околу 200 апарати на кои ќе биде извршена обуката, а остатокот потоа.

Според него, гаранциите за безбедноста на податоците биле предвидени во тендерот, па исклучува да биде повторено лошото сценарио од претходните избори на кои падна електронскиот систем на Комисијата. Системот на гласање нема да биде директно врзан со серверот на МВР , односно министерството најпрво ќе ги внесе податоците на сите гласачи и врз основа на тоа ќе се спроведе постапката преку фингер принтот.

ДИК набавило и дополнително апарати во случај некој да се расипе на денот на изборите. Апаратите за отпечатоци од прст беа едно од главните барања на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Иако постапката за фингер принтовите е во тек, сепак и таа не помина без проблеми. Пред еден месец извори за Алфа брифираа дека процесот за спроведување на тендерската постапка за набавка на фингерпринт апарати за локалните избори почнала од почеток, бидејќи имало недоследностите во терминологијата која ја употребувале  во ДИК. Наместо биометриска идентификација на гласачите, оперирале со термин – електронска идентификација на лица. Ова според високи извори во ДИК можело да доведе до нарушување на изборниот процес.

Локалните избори, на кои треба има апарати за отпечаток од прст,се договорени за втората половина на октомври, но конкретен датум ќе се знае на крајот на август кога спикерот Џафери и официјално ќе ги распише изборите.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста