Германската полиција застрела возрасен маж во Бохум

Германската полиција застрела 74-годишен маж во градот Бохум, јави ДПА.

Додека полицајци се обидувале да го утврдат идентитетот на возрасниот човек, тој одеднаш извадил предмет, при што еден полицаец пукал неколку пати и го убил. Обидите за реанимација на мажот биле науспешни.

Не се соопштува што бил предметотт и зошто полицијата била повикана на местото каде што се случил инцидентот.

Ова е еден од ретките случаи, во кои германските полицајци употребуваат огнено оружје, додава ДПА. Според официјални податоци, минатата година полицијата во Германија со огнено оружје застрелала 14 лица и повредила 39.