Германија воведува карантин на цел регион

Во Германија се појави големо жариште на ковид-19 каде што престојуваат странски државјани кои работат во една кланица. Над 7.000 луѓе во северозападна Германија се ставени во карантин. Поради овој случај, Германија го воведува првиот карантин по укинувањето на мерките што беше во сила до пред неколку недели. Од 6140 вработени во кланицата, 1553 се позитивни, а се очекува дека ќе има позитивни и кај нивните семејства. Најголем дел од вработените се од земјите од Балканот, а меѓу оние што се во карантин има и од Македонија. Ново воведената карантинска мерка ќе трае до крајот на месецот, а доколку е потребно, ќе биде продолжена. Се очекува да биде ефективна се додека инфекцијата не помине. Околу 360.000 луѓе живеат во областа што од денеска е ставена во карантин.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста