Германија со ригорозни мерки: Забрана за влез на граѓани кои не се од ЕУ до 31 август

До 31 август Германија планира да ја продолжи забраната за пристигнување  граѓани на држави што не се членки на Европската унија, изјавија неименувани извори од германската Влада. Тие нагласија дека таа одлука се очекува да биде објавена денеска.

Германија е подготвена да ја укине забраната за патување за земјите членки на Европската унија и Велика Британија, Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Швајцарија од 15 јуни, освен ако не постои забрана за влез во тие земји и обемни рестриктивни мерки.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста