ГЕРМАНИЈА ПРЕСИЛНА ВО СКОПЈЕ (4-0), НАШИТЕ ФУДБАЛЕРИ СЕ УШТЕ ИМААТ ШАНСИ ЗА БАРАЖОТ ЗА СП

Најдобрата македонска фудбалска селекција по втор пат загуби во квалификациите за Светското првенство и се оддалечи, но и не ги загуби шансите за пласман во Катар. Подобра од нас синоќа во Скопје беше Германија, а конечните 4-0 се многу објективни со оглед на сите случувања на теренот на арената Тоше Проевски иако до полувремето одржувавме 0-0. До 50-тата минута не бранеше пред се, голманот Димитриевски, а потоа ни тој не можеше да помогне кога Хаверц, Вернер на два пати и Мусиала реализираа и го потврдија тоа што и беше евидентно, дека ние не сме им рамни и дека сензацијата од Дуизбург не може да се повтори.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста