Георгиевски не кажува колку дивоградби треба да урне за да ги задоволи барањата на УНЕСКО

Измина една година откако Комитетот за светско наследство донесе одлука на Охрид да му се даде уште една шанса за да покаже вистински напредок во исполнување на забелешките на УНЕСКО. За да го зачува статусот на заштитен град,мора да се справи со нелегалната градба,неконтролираниот урбан развој,експлоатацијата на крајбрежјето,уништувањето и загадувањето на животната средина.Но што во тој поглед направи државата и општината, 365 дена подоцна?

И покрај заедничката препорака на најголемата меѓународна мрежа за заштита на природата IUCN и меѓународниот совет за културно наследство ИКОНОМОС, охридскиот регион да се премести на Листата на светско наследство во опасност- градот и државата лани во Баку добија нов временски рок до 1 фебруари 2020-та да постапат по 19-те барања на Реактивната мисија на УНЕСКО од 2017-та.Но поради корона кризата,новата сесија на Комитетот за светско наследство е откажана за идната 2021-ва година,а до тогаш властите купуваат време,уверувајќи дека ќе се срушат сите дивоградби кои се граделе со децении наназад.

“Но тука не било во прашање постапувањето или непостапувањето само на општината, тука се и останатите надлежни институции, инспекторати и обвинителството. Значи години наназад не функционирал еден цел систем и затоа ние  денес имаме една ваква состојба.” – вели Константин Георгиевски – градоначалник на Охрид.

Георигиевски повторно избегна да одговори за колки точно дивоградби станува збор,постојано калкулира со бројка од 15-тина објекти, иако во регистар на дивоградби се внесени  вкупно 1076, од нив безмалку половина се во заштитениот појас.Екологистите силно критикуваа дека сте институции ги преспаа последниве 15-тина години кога континуитано се вршеше уништување на крајбрежјето и целиот екосистем.

 

Росица Голабоска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста