Геополитика на европските избори

Геополитика на европските избори

Европските избори се завршени. Во 27 земји над 400 милиони жители на Европската Унија се
изјаснија за седум групи на политички партии од овие држави според што се распоредија 720
места во Европскиот парламент. Победи централизмот. На овие избори во однос на претходните
(во 2019) најмногу потфрлија зелените и либералите кои изгубија најмногу пратенички места, а со
помалку претставници останаа и социјалиститe. Европската народна партија од десен центар
освои повеќе 13 места во Парламентот отколку минатиот пат, па ја спаси конкретната политика и
мнозинството. Веќе е извесно дека постојната коалиција ќе биде задржана па Урсула фон ден
Лајен и нејзината екипа (се спомнуваше и Марио Драги) повторно ќе бидат предводници на ЕУ.
Секако најголемо изненадување беше Франција каде победи ултра десната партија на Марин ле
Пен со младиот Јордан Бардела (28).
Во Италија победи партијата Браќа на Италија на Џорџа Мелони која е дел од Европските
конзервтивци и реформисти. Во Германија голема сила пројавија исто така ултра десните.
Распишани се Парламентарни избори во Франција, додека во Белгија Премиерот си поднесе
оставка.
Сите се изненадени од големиот успех на десните партии во Европа иако сите се среќни дека
победиле централистите заради поголемата конзистентност на политиката. Имено кај ултра
десните по многу прашања сепак не постои единство во најголемиот дел од политиката.
Препознатливи се според прашањата за мигрантите и задржувањето на традиционалните односи
и култура, потоа енергијата и екологија но често покажуват различни ставови на пример во
однос на војната во Украина.
Овие резултати секако барат дополнителни истражувања во контекст на политиката која светот ја
очекува. На пример, во Италија се одржува 50 Самит на групата G7 каде победничката Мелони
може гордо да ги пречека своите колеги од Франција и Германија кои на изборите дома не
поминаа многу славно. А со слаба политичка поддршка дома се и другите учесници како
Британскиот премиер, и оние на САД, Јапонија. Нивните политички кредибилитети сепак се
битни за темите како Блискиот Исток, проблемот Украина и Далечен исток. Оттука
истражувањата на влијанието на овие избори ќе значи многу за светската политика во иднина.
Можеби во една поширока, геополитичка смисла може да се види појасно овој успех на ултра
десните на овие избори во Европската Унија. Особено ако се погледне низ призмата на
податоците од одредени истражувања за определбата на младите непосредно пред одржувањето
на Изборите во ЕУ.
Расположенито на младите пред изборите покажува сериозна бројка и склонување кон десниот
политички сектор во Европа. На пример во Германија младите (генерација 1994 – 2013) покажале
интерес за партијата AFD со дури 46%.

Во Франција ултра десните ги поддржале дури 36 % од младите луѓе, став со кој се согласни и
генерациски блиските милениумци (1980-1993). Во Португалија четвртина од младите гласачи
пред изборите се определиле за партијата CHEGA, додека во Холандија огромен процент на
младите се определиле за десната опција на Герт Вилдерс.
Може да се слушне мислење дека определбата на младите од Европа е јасна: тие се против
естаблишментот, против системот. Оцртани се контурите на судирот на наднационалните светски
политички и бизнис структури со националните, домашни елити. При што, интересно е дека
некаде во Европа домашните елити не се популарни ама добро се држат. Да речеме ако младите
имат проблем со домашната елита во Париз, партијата на премиерот Виктор Орбан во Унгарија е
водечка ( иако послаба од порано). Со мала разлика партијата СМЕР на Роберт Фицо во Словачка
го изгуби водството. Покрај малку послабата позиција во однос на десните, младите му дават
поддршка на владеачкиот естаблишмент за политиката која обично се означува како
евроскептична. Ако веќе некаде се толкува дека Србија и Турција не би можело да се имат во
предвид за вакво разгледување каде исто така младите ги поддржуват водечките фигури.
И ова јасно ја оцртува наднационалната структура во судир со домашната. Онаа домашна
политичка структура која попушта пред надворешните фактори на глобализацијата дома не е
популарна. Се бара поткрепа во оние кои изразуват незадоволство, оние кои се против чудните
барања од надвор и меѓународните случувања.
Конечно, ова ќе стане комплетно јасно ако низ призмата на ова разгледување се пушти зракот на
сознанието дека англофонските млади во Британија, САД, Австралија се повеќе либерални.
Возрасната популација останува лојална на конзервативноста. Според одредени податоци над
40 проценти од младите се интересират за лабористите пред изборите во Обединетото Кралство
во месец јули.
Очигледно геополитиката може да даде одговор на прашањето за социо психолошкиот ефект на
овие избори и оние кои се одржуват насекаде во светот во 2024 година. Наднационалните
структури претежно се позиционирани на западната хемисфера и со остварување на
корпоративна глобализација го предизвикаа светот. Средини кои откако нема да се снајдат со
проблемите – ќе кренат кон западниот развиен свет и неговите можности.
Ако ги прегледате медиумите на младите од Африка и Азија ќе забележите дека многу малку се
заинтересирани за темите актуелни во Европа и Америка. Состојбата е јасна: додека во Европа и
САД демографијата опаѓа, во Азија и Африка бројот на младите рапидно расте. И потоа
наднационалните структури им го рушат светот додека истовремено им промовират прогрес на
западна цивилизација.
Во меѓувреме: судирите во Газа не престануват; сушата му се заканува сериозно на населението
на Ирак кое брои над 46 милиони жители; можни се судири во Пакистан, а сите го очекуват
развојот на односите Кина – Тајван; додека руски бродови со нуклеарен капацитет според
одредени извори се крај брегот на Куба.

Можеби затоа младите во Британија се претежно левo ориентирани да бидат коректор на
моќната елита, младите во Европа барат да се спротивстави младиот Јордан Бардела, а младите
пак во Источна Европа и Балканот знаат дека сите промени и напливи на векторот Азија и Африка
кон Европа поминуват низ нивната територија и ги испишуват историските страници со пустош.
За среќа со цврсто мнозинство во Македонија победи опцијата која е од десниот центар, која
има задача да работи на рамнотежа помеѓу надворешните и домашни интереси и која ветува
дека ќе посвети посебно внимание на демографијата.

Петар Трајков

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )