ГАК демантира дека лекар со симптоми на covid-19 одел една недела на работа

Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје демантира дека лекар со симптоми на covid-19 одел една недела на работа пред да биде тестиран. Оттаму реагираат на прилогот на Алфа објавен на 26 месецов и тврдат дека лекарот немал и во моментот нема симптоми на covid-19. Велат имал еден позитивен тест кој го направил самоиницијативно и последователно два негативни теста на вирусот и во целост ги почитувал мерките за заштита.

Сите лица вработени на клиниката за гинекологија и акушерство кои биле во контакт со него, исто како и тој, се во самоизолација. Истите се тестирани и се негативни на вирусот, а клиниката не се соочува со недостаток на кадар, велат од гинекологија.

Оттаму додаваат дека родилките и бебињата на клиника за гинекологија и акушерство се безбедни.

„На клиниката се воспоставени и се работи согласно со вонредните мерки на заштита од covid-19, како и според нови протоколи кои се наметнаа откако јзу у ГАК е референтен центар за прием и третман на пациентки суспектни и заразени од covid-19. Напоменуваме дека заштитата е според највисоки здравствени стандарди кај медицинскиот персонал, како и кај пациентките“, се наведува во реакцијата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста