Гајзер: Заев е во паника, Боки 13 ќе ги открие неговите мрачни тајни

Заев е во паника, Боки 13 ќе ги открие неговите мрачни тајни, вели словенечкиот аналитичар Лариз Гајзер кој ја откри аферата Рекет низ серија текстови и снимки во весникот “Ла Верита”. Пресудата за Јовановски и Катица Јанева се надева дека е само почеток на случајот. Во интервју за српски Ало вели дека јасно докажал оти врвот на криминалната пирамида бил политички, како и дека политичкиот врв тесно соработувал со дел од правосудниот систем.

“Дури и јавното обвинителство го воделе истите лица за кои открив дека се поврзани со огромниот мафијашки октопод развиен во време на владеењето на Зоран Заев. Сепак, не можеме да очекуваме дека виновниците сами себе ќе се осудат.
Гајзер смета дека сликата во Македонија ќе се промени по изборите, особено ако Трамп освои втор мандат. Според него доколку земјава има чист правосуден систем, осудените во случајот „Рекет“ ќе пронајдат храброст да ја кажат целата вистина” – вели Ларис Гајзер.

Тој е убеден дека поранешниот премиер Зоран Заев уште во август минатата година станал безначаен во меѓународното опкружување.

„По речиси една година од моите текстови, никој во светот не верува во неговата невиност. Според тоа, тој е бескорисно за вистинските политички играчи. За СДСМ , тоа е политичко самоубиство дури и ако сè уште ги води како лидер на следните избори. Неговата присутност ги осудува да бидат поразени“, вели Гајзер.

Јовановски и Јанева судот ги прогласи за виновни во случајот „Рекет“. Јовановски доби казна затвор од 9 години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Јанева 7 години за злоупотреба на службената положба и овластување.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста