ФЗО вработува луѓе со ликовно образование

Фондот за здравствено осигурување вработува советник на директорот за административна поддршка, ама условот е да има завршено ликовно образование. Платата за оваа позиција која се бара со огласот на ФЗО ќе изнесува 34.448 денари и нагласено е дека според годишниот план на институција за 2020, предвидено е вработување на еден Албанец односно Албанка. Фондот го објави јавниот оглас пред четири дена.  

„Ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Јавна управа и администрација, Ликовна уметност, Oрганизациски науки и управување (менаџмент)“-стои во конкурсот.

Дополнително, според посебните услови за вработување, се бара од кандидатот да има најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор. Но, Фондот за здравствено осигурување не одговори на прашањата на Алфа од која причина им е подребен кадар со завршено ликовно образование. Сепак директорот Лимани се огласил за дел од медиумите.  Се правда со изменет Правилник за вработувања односно нивна нова  систематизација од октомври 2019.

Партиски вработувања  на голема врата – врие јавноста. Веднаш по објавениот конкурс, реакции по социјалните мрежи дека работното место е веќе пополнето.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ова не е единствениот пример кој покажува како работи власта.

  • Со тие вицепремиери, со овие премиери се ќе биде логично. Се ќе биде логично. Само погледнете ја компанијата чиј сопственик е неговиот брат колкави се растот на приходите и профитот споредено со 2018/19 година и видете дали тоа ви е логично и на што се должи тоа – рече ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ-ЛИДЕР НА ВМРО-ДПМНЕ.

Кој од ваквите случаи е разгледан и пресечен од надлежните институции? Одговорот е ниеден: власта вработува но и наоѓа оправдувања за вакви и слични кадри.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста