Фуриозни 100 дена од новата Влада – за Мицкоски ова е само почеток, ќе се продолжи со посилно темпо

Фуриозни 100 дена од новата Влада – за Мицкоски ова е само почеток, ќе се продолжи со посилно темпо

Над 100 проекти во првите 100 дена од новата влада. Премиерот Мицкоски даде отчет за сработеното. Закрпени буџетски дупки, покачување на платите и пензиите, исплата на неисплатените плати во државните институции, на заостанатите субвенции во земјоделството, рекордно висока цена на грозјето, бесплатни учебници навреме, проширување на позитивната листа на лекови, вработување за лекарите специјализанти, намалување на цените на основните прехранбени производи – се само дел од проектите. Премиерот истакна дека 100 милиони евра ќе се слеат кај општините за изградба на капитални проекти. Процесот на евалуација на 357-те проекти на 80 општини треба да заврши до крајот на неделава, по што ќе бидат и потпишани договорите со локалните власти. Мицкоски особено ги потенцираше напорите за привлекување странски инвестиции. Биле договорени 600 милиони евра, од кои 500 милион исамо чини инвестицијата во ветерниот парк на компанијата „Алказар Енерџи“. Инвестициите во енергетиката, според премиерот, треба да го сведат увозот на струја на нула до 2026 година.

Меѓу проектите и мерките во првите 100 дена се најдоа и поевтинувањето на катастарските услуги, К-15 од 11 илјади денари за 84 илјади службеници, почнатата постапка за трет мобилен оператор, најаваат за евтини авио линии, вратениот долг на Фондот за здравство. Мицкоски рече дека наследиле катаклизмична состојба во инфраструктурата, но дека првите 2 километри автопат од косовска граница до Блаце се готови и дека автопатот Кичево – Охрид ќе биде финиширан во 2026-та година. Најави дека еден дел од патот, на потегот Арбиново – Охрид со крак до село Ботун ќе бил пуштен во употреба во мај следната година. Вкупниот број на инфраструктурни проекти е навистина голем.

На критиките за борбата со корупцијата и зошто нема апсења, Мицкоски рече дека не сака да демонстрира сила и реваншизам. Истакна дека има институции кои треба да ги казнат криминалот и корупцијата. Потенцираше дека септември помина, а најголемите критичари на правосудниот систем не дале ниту еден предлог за реформи.

Мицкоски е задоволен од тоа како се полни државната каса. УЈП и Царинската Управа собрале значително повеќе даноци и царински давачки. Тојј најави дека до крајот на октомври, Владата ќе донесе одлука за намалување на одредени даноци, со што Македонија ќе стане земја со најповолна даночна политика во регионот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста