ФУДБАЛЕРИТЕ НА ШКЕНДИЈА И ШКУПИ ЗА ДВА ДЕНА ИМААТ НОВИ ЕВРОПСКИ НАСТАПИ

Фудбалерите на Шкендија се упатија кон Рига каде против истоимениот тим в четврток од 19 часот ги очекува првиот меч од второто квалификациско коло во Конференциската лига. Тетовци испаднаа од Лигата на шампионите, но сега треба да имаат повеќе шанси со летонскиот претставник особено што и реваншот ќе го играат дома на 29 јули. Во истите денови игра и нашиот вицепрвак Шкупи, со тоа што чаирчани за два дена од 20 часот прво ја пречекуваат португалската Санта Клара, а потоа ќе гостуваат.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста