Лука Ромеро испиша историја во Шпанија откако стана најмладиот играч кој настапил на меч во Примера лига. Ромеро со 15 години и 219 дена влезе во игра на шест минути до крајот на синоќешниот дуел против Реал Мадрид, и со тоа го урна рекордот на Сансон од 1939-та година кој во дресот на Селта заигра на 15 години и 255 дена. Ромеро е роден во Мексико од родители Аргентинци, а на три годишна возраст се пресели во Шпанија. На десетгодишна возраст потпиша договор со Мајорка, каде во првите четири години за младинските екипи постигнал 230 голоци на 108 натпревари.