Фудбалер на Мајорка стана најмлад дебитант во Ла Лига, урна рекорд стар 81 година

Лука Ромеро испиша историја во Шпанија откако стана најмладиот играч кој настапил на меч во Примера лига. Ромеро со 15 години и 219 дена влезе во игра на шест минути до крајот на синоќешниот дуел против Реал Мадрид, и со тоа го урна рекордот на Сансон од 1939-та година кој во дресот на Селта заигра на 15 години и 255 дена. Ромеро е роден во Мексико од родители Аргентинци, а на три годишна возраст се пресели во Шпанија. На десетгодишна возраст потпиша договор со Мајорка, каде во првите четири години за младинските екипи постигнал 230 голоци на 108 натпревари.

Advertisements