Фросина Ременски не чувствува вина за криминалот со „Меѓународен Сојуз“

Пратеничката Фросина Ременски денеска дојде во Судот, по барање на обвинителството, осомничена дека како функционерка со Бојан Јовановски Боки 13 била на средби, кога тој, мамел дека неговата невладина Меѓународен сојуз ќе гради старински домови. По средбата со судијата, Ременска  изјави дека не чувствува никаква вина , Рускоска против неа немала други докази, освен тоа дека наводно го искористила својот авторитет да убеди бизнисмени дека власт стои зад спорните старечки домови на „Меѓународниот сојуз“. Вчера обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, на Ременска и стави на товар помагање при извршување на кривичното дело „Измама“. Пратеничката на СДСМ и потпретседателка на Собранието, по распитот кај судијата, не пропушти да искоментира и како известувале медиумите.

-Немам намера да се повторувам, веќе дадов изјави за тоа. Но инволвираноста на политичари од страна на пристрасни медиуми, без да се побара од мене став или изјава, јас го чувствувам како лицитирање за некаква инвовлираност на политичар во процес. Ќе се воздржам од сите коментари кои се однесуваат на етиката на известувањето по однос на мојата улога. Одговорно тврдам, со исклучок на некои медиум, дека многу медиуми не ги почитуваа основните етички правила на известување, се прејудицираше вина, се ставаа на товар работи кои немаа допирна точка со ова што го гледаме денеска, затоа ќе биде несимпатично да се правдам за нешто што сте го прејудицирале – рече Ременски.

Денеска Ременски пред судијата на претходна постапка не зборуваше за сомнежите кои и ги стави на товар Вилма Рускоска, туку само околу мерката да и биде одземен пасошот како Рускоска би се осигурала дека пратеничката ќе биде достапна на органите на прогонот додека се води постапка против неа.

Пасошите ќе се гаранција и за таткото на Бојан Јовановски, Миле како и за асистенткана Боки 13. Директорката на 1ТВ и заменик претседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ од синоќа е во куќен притвор.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција вчера отвори истрага за наводен криминал со измама и перење пари, за изградба на старечки домови од страна на Меѓународниот сојуз. Делото е направено во период од јули 2017 година до април 2018 година. Боки 13  лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на старечки домови и мобилен сервис, а потоа и субвенционирање од страна на државата, од градежни бизнисмени земал преку  авторска агенција околу 1 милион евра. Мандиќ, татко му на Боки, неговата асистентка и Фросина Ременски со умисла му помагале, тврдат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Катерина Гетева