Фрлена експлозивна направа во семејната продавница на Мисајловски

Утринава околу три часот во малата продавница во сопственост на семејството на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски и носител на листа во втората изборна единица на главната улица во Ѓорче Петров била фрлена експлозивна направа и направена само материјална штета, објави на фејсбук профилот Мисајловски.

„Фала му на Бога нема човечки жртви ниту некој е повреден. На свовиден начин се продолжува пироманската традиција откако претходно во текот на изборите 2017та година имаше пожар во мојот дом. Нема да навлегувам што и како, кој е и каква е нарачката. Пораката која ја праќаат до мене пред стартот на кампањата сама си се испишува, ама одговорот е дека нема да ме поколебате, ниту исплашите!“, напиша мисајловски на фејсбук.

Се уште нема приведени и се работи на целосно расветлувасње на случајот, но според информациите на МВР, веднаш по пристигнување на полициските службеници на местото на настанот било забележано дека влезната врата е целосно извадена од лежиштето и причинета е материјална штета, па постои основано сомнение дека се работи за подметната експлозивна направа. Од полицијата додаваат дека се работи на расчистување на случајот.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за ова дело директно го обвини социјалдемократскиот сојуз, наведувајќи дека не станува збор за случаен пожар, туку за јасна намера.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста